еМагазин
Image default
Бизнис

Еден од водечки бубрежни центри во светот „Диаверум“ ја презема „Диамед Македонија“

„Диаверум“ (Diaverum), еден од водечки бубрежни центри во светот, ја презема Приватната здравствена установа „Диамед Македонија“, која оперира со девет центри за дијализа и се грижи за повеќе од 670 пациенти во земјава.

„Диаверум“ влегува на македонскиот пазар преку преземање на П.З.У. „Диамед Македонија “. Овој центар оперира со 9 дијализни центри повеќе од 9 години, кога доби на еден од двата јавни повика. Тендерот е со траење од 20 години, односно до 2034 година.

Македонија се соочува со многу предизвици поради високото ниво на хронични заболувања кај популацијата, што претставуваат сериозен напор за здравствениот систем. Девет отсто од населението има диабетес, односно 54% има прекумерна тежина. Кај лицата над 18 години, 22% страдаат од прекумерна тежина и предиспозицијата за висок крвен притисок е 40%. Дијабетот и високиот крвен притисок се двата главни ризик фактори во развој на болест на бубрезите.

„Диаверум има повеќе од 25 годишно искуство со успешно третирање на пациенти кои боледуваат од бубрежна болест, како и работа со превентивна нега, за да се спречи развојот на овие болести. И пациентите и вработените и клиентите ќе имаат придобивка од високите стандарди на Диаверум во клиничката експертиза, тренинзите од светски ранг, едукативните програми и пристапот “Пациентот прв”, вели Борис Зјачиќ, заменик претседател на „Диаверум“ за Централна и Источна Европа.

Тој додаде дека од компанијата се воодушевени што Вера Иванова, поранешниот сопственик во ПЗУ Диамед Македонија, ќе остане како менаџер за „Диаверум“ во земјава.

„Диаверум носи многу искуство и меѓународно знаење и убеден сум дека може да направиме вистинска разлика за пациентите во Македонија”, додава Зјачиќ.

Менаџерот на „Диаверум“ во Македонија, Вера Иванова вели дека императив за неа било да одбере меѓународна компанија која има јасен фокус кон пациентите и солидно разбирање на локалната култура.

„Сакав компанија која ќе биде способна и подготвена да го прифати тоа што го создадов и да го подигне на наредно ниво. Ова значи уште поголемо подобрување на стандардите за квалитет за пациентите и овозможување вработените да имаат повеќе можности за раст во организацијата. Исто така, гледам недопрен потенцијал во партнерството на Диаверум и Министерството за здравство во други области, како што се трансплантацијата, образованието и менаџирањето на другите болести на бубрежно болните пациенти“, вели Иванова.

Главен извршен директор во „Диаверум“ Даг Андерсон вели дека вистински момент е да се влезе во Македонија и оваа аквизиција ја сигнализира нивната посветеност на македонскиот пазар.

„Ова е уникатна можност да се воспостави локално присуство во земјава, како можна платформа за потенцијални идни експанзии на балканскиот регион“, вели Андерсон.

Фото: Фесбук-профил на Диаверум

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сава Осигурување“ ја зголеми добивката

Редакција

Бензините поевтинуваат за два, дизелот за 1,5 денари

Редакција

Македонската берза барала одговори од Стопанска банка Битола за порастот на цената на акцијата

Редакција