Една недела по Велигден е наречена Томина недела, која е посветена на „неверникот“ Тома, кој од сите ученици на Исус Христос, тој не поверувал дека е воскреснат, па Исус морал да му се покаже, пишува bigorski.org.mk.
„На верните деца Божји не им се потреби знаците и чудата, иако Бог и нив ги испраќа, туку го бараат Самиот Него, засладувајќи се преку призовувањето на Неговото најсвето, најслатко и величествено име, преку Кого се држи сиот свет, и земниот и небесниот – духовниот.
Божјата промисла устроила така да се случи со Светиот Апостол Тома, за оние кои не веруваат – да поверуваат, за оние кои се сомневаат – да се утврдат во верата, а за оние, пак, кои веруваат – да се восхитат на преобилното Божјо милосрдие, човекољубие и премудрост со кои Он ги спасува луѓето.
Исус Му рече: Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!“
Фото: Бигорски манастир