еМагазин
БЕНЧМАРК

Европска комисија бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“, поради тоа што испораката на вакцини против коронавирусот повторно се одложува, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела.

Претходно, компанијата соопшти дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот, откако веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во август, 349 граѓани на Македонија побарале азил во ЕУ

Редакција

Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност, порача евроамбасадорот Гир

Редакција

Евроамбасадорот Гир не гарантира дека нема да има нови блокади од Бугарија за Македонија

Редакција