еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Евроамбасадорот Гир не гарантира дека нема да има нови блокади од Бугарија за Македонија

Во интервју за државната агенција МИА, евроамбасадорот Дејвид Гир во однос на нови блокади за Македонија на нејзиниот европски пат, вели дека не можете да гарантирате дека нема да има блокада во иднина.

-Но,наша задача е да се осигураме дека доколку има блокади во иднина, дека таа се јавува затоа што земјата не направила исчекор околу владеењето на правото, затоа што законодавството за животната средина не било спроведено, затоа што борбата со корупцијата не била доволна.

Со други зборува, да не се фокусираме на билатералните прашања, туку на клучните реформи што се потребни за државата да може да стане дел од Европската Унија, тоа е нашата одговорност, кажа Гир за МИА.

Додава дека и министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка, кои беа во Скопје во четвртокот, го кажале истото, односно дека на почетокот од процесот на преговори можно е да има прилично изразени билатерални прашања, но со тек на време, вели, како што се движите на вашиот европски пат, тие остануваат зад вас и фокусот е таму каде што треба да биде – на реформите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

Твитер реакции за предупредувањето од ЕУ за изолација ако не се усвојат уставните измени

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ го подобри својот ЕСГ рејтинг

Редакција

(ВИДЕО) Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа

Редакција

135 нови случаи на Ковид-19 од 841 тестирања, бројката на активни случаи изнесува 19.041

Редакција