еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ексклузивните вина на „Château de Gourdon“ со два златни и еден сребрен медал на еден од најпрестижните вински натпревари во Франција

На најреномираниот натпревар за вина од долината на Рона во Франција, три вина произведени во винарницата „Château de Gourdon” освоија високи награди. Белото „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2018“ освоија златни, додека црвеното „Jolie Balade 2018“ сребрен медал на годинешниот престижен вински натпревар „Concours des vins d’Orange“, кој се одржува во Оранж, Франција.

Овој значаен успех е постигнат во конкуренција на речиси 2.300 вина. Според пропозициите на натпреварот, вкупно 570 дегустатори ги оценуваат вината исклучиво според вкусот и нивниот квалитет, не знаејќи ги имињата на производителите и на самите вина, што обезбедува неспорна објективност во оценувањето.

„Concours des vins d’Orange“ е најстариот и најреномиран регионален натпревар на вина од долината на реката Рона во јужна Франција. Натпреварот прв пат е одржан во далечната 1952 година, а неговите оценки и препораки се од исклучително значење за настапот на вината од овој регион на европските и на светските вински пазари.

Наградените вина се произведени во француската винарницата „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“. Овие вина и сите останати од портфолиото на „Château de Gourdon“ им се достапни и на македонските љубители на ексклузивни висококвалитетни вина.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопје вибрира“ поп-ап изложба на дизајн и визуелни уметности

Редакција

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Редакција

Symphony пристигна: Погледнете ја канцеларијата во Скопје во која би сакале да работите

Редакција