еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Експертските групи од МНР на Македонија и на Бугарија се состанале во Софија, следниот состанок во Скопје во септември

Експертските групи од министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија одржале состанок во Софија, а кон крајот на септември се очекува да имаат нов состанок во Скопје.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека ова е добар почеток во комуникацијата со соседна Бугарија после кризата во односите меѓу двете држави пред неколку месеци.

– Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, се разговараа сите аспекти на билатералната соработка помеѓу двете држави и ќе продолжуваат со поголем интензитет овие средби.

Мислам дека веќе на крајот на септември може да биде наредната средба во Скопје. Продолжуваме со поредовна комуникација, бидејќи секогаш тезата ни била дека доколку ние не комуницираме, ќе дозволиме други да комуницираат, рече Османи на денешната прес-конференција.

Оваа работн агрупа, како што посочи, ќе се договори кога ќе се активираат секториските групи.

– Најважно беше да се вратиме во една нормална комуникација, бидејќи во последните месеци, за жал, комунициравме преку медиуми, соопштенија…., рече Османи.

МИА/Фото: Влада/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историска одлука: Европската комисија предложи кандидатски статус за Босна и Херцеговина

Редакција

Полицијата не знаела дека Манојлоски е пратеник, вршеле проверка за извршено кривично дело

Редакција

Убава вест: 321 оздравени пациенти, од Скопје 189

Редакција