еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата не знаела дека Манојлоски е пратеник, вршеле проверка за извршено кривично дело

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров вршеле проверка на возила на граѓани во врска со извршено кривично дело, а меѓу нив и возилото на пратеникот Горан Манојлоски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник.

Вака го појаснија од МВР за МИА случајот со пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Горан Манојлоски кој утрото бил запрен и неговото возило било претресено од страна на полицијата, по што тој одби да учествува на денешните седници на собраниските комиси, меѓу кои и на Комисијата за труд и социјална политика.

– По извршена проверка, на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми, посочуваат од МВР.

Инаку, заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Манојлоски напушти комисиска расправа, бидејќи полицајци му вршеле претрес кога одел накај Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 30 лица, тројца починале дома, најмладото на 25-годишна возраст

Редакција

Борисов до Ковачевски: Фатете го бикот за роговите, важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш

Редакција

(Фото) Специјалците на АРМ и МВР „напаѓаа“ терористички камп на Криволак

Редакција