Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3 денари, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 2 денари по литар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93 денари, а на Еуросупер БС – 98 е 94,50 за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.