еМагазин
Image default
Свет

Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Вестминстерската опатија во Лондон, информираа од кралското семејство.

Пред државниот погреб, телото ќе лежи во Вестминстерската сала четири дена, па јавноста може да му оддаде почит.

Денот на погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде прогласен за државен празник.

Денеска принцот и принцезата од Велс заедно со војводата и војвотката од Сасекс прошетаа надвор од замокот Виндзор, што е прво појавување на Вилијам и Кејт со новите титули.

Хари и Меган им се придружија на Вилијам и Кејт во јавност за првпат од Денот на Комонвелтот на 9 март 2020 година, додека ги разгледуваа цвеќињата и балоните што посетителите ги оставаат во спомен на кралицата Елизабета Втора, а потоа се поздравуваа со насобраните луѓе пред замокот.

„Во четвртокот, светот загуби извонреден лидер, чија посветеност кон земјата, кралството и Комонвелтот беше апсолутна. Толку многу ќе се зборува во деновите што следат за значењето на нејзиното историско владеење.

Јас, меѓутоа, изгубив баба. И додека тагувам што ја загубив, се чувствувам и неверојатно благодарен.

Имав корист од мудроста и уверувањето на кралицата до мојата петта деценија. Мојата сопруга имаше 20 години нејзино водство и поддршка. Моите три деца поминуваа празници со неа и создадоа спомени кои ќе траат цел живот.

Таа беше покрај мене во моите најсреќни моменти. И беше покрај мене во најтажните денови од мојот живот. Знаев дека ќе дојде овој ден, но ќе помине некое време додека не почне вистински да се чувствува реалноста на животот без баба.

И благодарам за љубезноста што ја покажа за моето семејство и за мене. И ѝ благодарам во име на мојата генерација што даде пример за служење и достоинство во јавниот живот кој беше од различна возраст, но секогаш важен за сите нас.

Познати се зборовите на мојата баба која рече дека „тагата е цената што ја плаќаме за љубовта“. Целата тага што ќе ја чувствуваме во наредните недели ќе биде доказ за љубовта што ја чувствувавме кон нашата извонредна кралица.

Ќе го почитувам нејзиниот спомен со тоа што ќе го поддржам мојот татко, кралот, на секој начин што можам,“ рече принцот Вилијам во обраќањето до јавноста.

МИА/Фото: Инстаграм-профил на кралското семејство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар: Потребен е негативен тест или потврда за вакцина

Редакција

Нова надеж во борбата против коронавирусот: Компанијата „Мерк“ побара да ѝ се одобри нов лек „молнупиравир“

Редакција

Двајца високи функционери на украинското Министерството за одбрана осомничени за проневера на 7 милиони долари

Редакција