еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Ќесиња со марихуана паѓаа од небото во Израел

Луѓето кои вчера се најдоа на плоштадот Рабин во Тел Авив, Израел, беа сведоци на дрон кој леташе над нив и „ги гаѓаше“ со ќесички полни канабис.

Зад несекојдневниот настан стои групата „Зелен дрон“, која се залага за легализација на марихуаната. Името на групата и слоганот „Бесплатна љубов“ се напишани на секое пакетче.

Полицијата, сепак, предупреди дека ќесичките можеа да завршат во рацете на деца, бидејќи неколку од нив паднаа на детските игралишта.

Во 2018 година, Израел го декриминализира канабисот со закон со кој е дозволено три пати едно лице да биде фатено со количина за лична употреба. Но, ако некого фатат по четврти пат, се отвора кривична постапка. 

МИА/фото/видео: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британка ја доби првата отштета поради смртта на нејзиниот партнер како последица од вакцинирање со „АстраЗенека“

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 33 лица загинаа во во руски напад врз две училишта и станбени згради во Чернигов

Редакција

Меркел: Корона вирусот може да зарази 58 милиони Германци

Редакција