еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Најмалку 33 лица загинаа во во руски напад врз две училишта и станбени згради во Чернигов

Најмалку триесет и три лица загинаа вчера во руски напад врз две училишта и станбени згради во северниот украински град Чернигов, соопшти украинската служба за спасување.

Претходно беше соопштено дека загинале 22 лица, иако се стравуваше дека бројката ќе биде поголема, бидејќи спасувачите се уште трагаа по жртвите и преживеаните под урнатините.

Снимките од службите за вонредни ситуации покажуваат како чад излегува од уништените станови, остатоци на земја и спасувачи кои пренесуваат тела.

Во Чернигов живеат околу 280.000 луѓе, а руската армија ја гранатираше станбената населба и покрај тврдењата дека мета на напади се само воени објекти и инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема прекин на огнот, договорени хуманитарни коридори: Епилог од втората рунда преговори Русија-Украина

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

Собранието усвои Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео: The Telegraph/Journeyman Pictures

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ и „Современ дом“ сакаат целосно да го преземат „Скопски пазар“: Нудат 6.500 денари за акција

Редакција

На 100 страни кривичната за осомничените за убиството на Вања и Панче

Редакција

„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција