еМагазин
Image default
Македонија

Новинарските организации се против враќањето на државните кампањи во медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до претседателот, премиерот и претставниците на Владата, претседателот на Собранието и координаторите на политичките партии.

Во писмото ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ реагираат на најавите за укинување на забраната за рекламирање со јавни средства во приватни медиуми преку менување на членот 102 од Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и укажуваат на штетните последици.

Еснафските новинарски и медиумски организации укажуваат дека оваа пракса на откупување на простор во медиумите од страна на јавните установи во медиумите за кампањи може да ја поткопа независноста во медиумите и да го загрози правото на слобода на изразување.

Дополнително, ова може сериозно да го наруши медиумскиот пазар кој и така е под влијание преку јавни средства кои се предвидуваат во Изборниот закон преку платената политичка програма.

Освен штетата кон независноста на медиумите, а со тоа и штетата на правото на информирање на граѓаните, оваа пракса на враќање на платените владини кампањи, може да го манипулира јавниот интерес преку кампањи кои би се промовирале како јавни, а во основа имаат политичко партиски цели за промоција на одредени партиски субјекти и нивните политики во приватните медиуми, велат од здруженијата.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.015 заболени и суспектни на Ковид-19 се лекуваат низ болниците во државата

Редакција

Украдено македонското знаме поставено пред Конзулатот на Монголија

Редакција

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

Редакција