еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

ЕУ досега добила 107 милиони дози вакцини против Ковид-19

Европската унија досега има добиено 107 милиони вакцини против Ковид-19, соопшти денеска Европската комисија.

Најмногу дози се добиени од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ – 67,25 милиони, 9,8 милиони дози од Модерна и 29,9 милини дози од вакцината на „АстраЗенека“.

Според портпарол на ЕК, денеска се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да објави дополување на својот став за вакцината на „АстраЗенека“.

Претходно ЕМА соопшти дека подлабока оценка може да се очекува во втората седмица на април. Агенцијата собира дополнителни информации од државите членки на ЕУ поради сомнежите дека вакцината не е целосно безопасна за сите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проширувањето на Западен Балкан во 2030 година е реална, но амбициозна цел, смета Мишел

Редакција

ИПА проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“: Преку советување и поддршка до вработување

Редакција

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, засега нема ништо за разговорите Скопје-Софија

Редакција