еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Нападот од Пендаровски не е соодветен, имајќи ги предвид напорите што ги правиме за набавка на вакцини

Премиерот Зоран Заев ја искоментира меѓусебната преписка помеѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче за ситуацијата со вакцините.

„Јас многу го почитувам претседателот Пендаровски, ама нападот од него не е соодветен, со оглед на сите напори што ги правиме за набавка на вакцините. Знам за одговорот на министерот Филипче, секако дека сум упатен кога реагира член на Владата.

Но, слободата е голема придобивка. Едно време беше незамисливо да има несогласувања меѓу претседател и министер. Еве, сега гледаме дека не може да се согласуваме за сѐ. Здраво е да имаме и несогласувања, ама тоа не значи дека не се почитуваме”, изјави Заев.

Пендаровски вчера по седницата на Советот на безбедност, на која присуствуваше и Филипче, рече дека срам е за државата што граѓаните масовно се вакцинираа во Србија викендов.

Филипче пак, овој чин го оцени за хуман, а не за срам и го обвини Пендаровски дека не се вклучил во набавката на вакцини, за што претседателот демантираше, истакнувајќи дека уште во декември преку неговиот кабинет биле воспоставени одредни канали за набавка на вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски му врати на Филипче: Тешко дека слики на граѓани кои бараат здравствена заштита во странство се за фалење

Филипче до Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза

Пендаровски: Благодарност до Србија, но, тоа беше срам за нашата држава

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре трета доза ќе може да примаат граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести

Редакција

Убава вест: Оздравени 881 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Фото) И Филипче со Заев на Конгресот на СИРИЗА во Атина

Редакција