еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски му врати на Филипче: Тешко дека слики на граѓани кои бараат здравствена заштита во странство се за фалење

Претседателот Стево Пендаровски во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност и смета дека тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза

– Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење, се додава во реакцијата на претседателот на Републиката на соопштението на министерот Филипче, со кое реагираше на изјавата на шефот на држвата по денешната седница на Советот за безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Благодарност до Србија, но, тоа беше срам за нашата држава

Во однос на процесот на набавка на вакцини, како што се наведува во соопштението на Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на шефот на државата.

– И од тогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените во автомат-клубовите и казината со реакција: Игрите на среќа и да се забранат целосно, луѓето повторно ќе најдат начин да играат

Редакција

(Фото) Бугарски дописник за „Њујорк Тајмс“ во 1903 пишувал за Гоце Делчев како Македонец и македонски лидер

Редакција

Учениците сепак ќе учат во саботите заради неработните денови за избори

Редакција