еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ не се откажува од прва меѓувладина конференција со Македонија до јули

Португалија како претседавач со Европската унија и Европската комисија и натаму се надева дека до крајот на португалското претседателство ќе може да се одржи меѓувладината конференција со Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ана Паула Закариаш, државната секретарка за европски прашања на Португалија, објасни дека денеска за време на Советот за општи работи министрите имале дискусија за Македонија и Албанија како и општо за проширувањето.

„Би рекла дека сите земји членки сакаат да видат придвижување тука, претседателството разговараше со земјите кандидати и со земјите членки и со поддршка на еврокомесарот Оливер Вархеји разговаравме со бугарските власти,“ изјави Закариаш на прес – конференцијата.

Таа додаде дека во овој момент Бугарија се наоѓа во постизборен период, но дека дебатата за Македонија продолжува за да се дојде до резултат.

„А тоа е за време на нашето претседателство да ги започнеме меѓувладините конференции со Македонија и Албанија,“ рече португалската државна секретарка.

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, додаде дека за во оваа институција се прави сѐ што е можно за до крајот на португалското претседателство, на 30 јуни, да се усвои преговарачката рамка за Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција.

„За Европската комисија сите услови се исполнети од страна на Македонија и треба да работиме заедно за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција,“ изјави Шефчович.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) 40% се деца: Израел досега уби 4.651 Палестинци

Редакција

Пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа во Тетово, било украдено од сопственикот под закана со пиштол

Редакција

„Пуцко петрол“ најмногу во ќар од неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција