еМагазин
Image default
Балкан

ЕУЛЕКС ги претресува куќите на Тачи, Селими и Весели

Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, шефот на пратеничката група „Самоопределување“ во Собранието, Реџеп Селими и станот на лидерот на ДПК, Кадри Весели, јави Танјуг повикувајќи се на приштински медиуми.

Според некои медиуми, пред куќата на Тачи бил виден и поранешниот министер за правда Абелард Тахири.

Силите на ЕУЛЕКС од утрово се и во седиштето на Демократската партија на Косово, додека пред просториите на партијата има припадници на косовската полиција. Полицајци има и пред семејните домови на Селими, Тачи и Весели, јави и агенцијата Бета.

Тачи и Весели од вчера се во притвор во Хаг, откако Специјалниот суд го потврди обвинението против нив во кое, заедно со други осомничени, се обвинуваат за голем низа воени злосторства на Косово, вклучувајќи и речиси 100 убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи, Весели, Сељими и Красниќи во притвор во Хашкиот суд

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата Влада на Косово експресно ја запре трговската војна со Србија

Редакција

За македонските граѓани останува на сила ПЦР тестот за влез во Србија

Редакција

Москва протера двајца грчки дипломати и забрани влез во Русија за шефот на политичката канцеларија на Коѕијас

Редакција