еМагазин
Image default
Локално

Фрлале хероин од возило пред очите на полицијата

На 05.11.2020 година во 22.40 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОВР Гостивар, по преземени мерки и активности, во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, гостиварско, се лишени од слобода Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира МВР.

„Додека Ш.Д. управувал патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Двете лица набрзо се приведени во ОВР Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претрес во хотел и во домот на скопјанец кој бил во изолација

Редакција

Бесплатнoто паркирање во Hug&Fly зоната на Меѓународниот аеродром Скопје е 10 минути

Редакција

Тешко повредена девојка по удар од автомобил во Пробиштип

Редакција