еМагазин
Image default
Бизнис

„Европа“ ја зголеми добивката за 63,8% и покрај кризата од корона вирусот

АД „Европа“-Скопје за периодот 01.01-30.06.2020 година оствари добивка во износ од 42.713.982 денари и е поголема во однос на претходната година за 63,8%, соопшти компанијата преку Македонската берза

Во периодот 01.01-30.06.2020 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 392.499.552 денари и се зголемени за 12,5% во однос на бруто приходите од 2019 година за истиот период.

Вкупните оперативни приходи за 01.01-30.06.2020 година се зголемени за 10,4% во однос на истите во 2019 година.

Приходите од  домашен пазар се зголемени за 9% во однос на минатата година, додека пак приходите од странски пазар се зголемени за 11,4% во 2020 година во однос на 2019 година.

Останатите приходи се намалени за 39%, а финансиските приходи се намалени за  43,2 % во однос на 2019 година.

„Вкупните расходите се зголемени за 7,8% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.06.2020 година се зголемени за 7,8%, а финансиските расходи пак се намалени за 0,8% во однос на 2019 година.

Планот за вкупната продажба за периодот 01.01-30.06/2020 година е остварен со 122,7%“, информираат од компанијата.

Фото: Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на индустриското производство во мај од 27 отсто

Редакција

Од 9 часот утринава нема откажани летови, велат од ТАВ Македонија

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Струмица за набавка на масло за греење вреден 78.000 евра

Редакција