еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Европска комисија: Македонската економија годинава со раст од 4, а наредната од 3,9%

Северна Македонија годинава ќе забележи економски раст од 4 отсто, а во 2022 од 3,9 проценти, предвидува Европската комисија (ЕК) во есенската макроекономска прогноза за земјите членки на ЕУ и државите кандидати.

ЕК оценува дека економското закрепнување на Северна Македонија бележи добар напредок, а домашната и странската побарувачка се зголемуваат. Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022 и 2023 година, врз основа на зголемувањето на домашната потрошувачка и побарувачката од странство.

Реалниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) се предвидува просечно да биде 3,9 отсто во периодот од 2021 до 2023 година.

Закрепнувањето на јавните финансии веројатно ќе биде подолготрајно од претходно очекуваното.

Потребите за финансирање за амбициозните нови планови за јавни инвестиции на Владата и продолжената имплементација на антикризните мерки веројатно ќе повлечат одржливи високи нивоа на фискален дефицит, се вели во есенската економска проекцијата на ЕК за Северна Македонија.

Како ризици за позитивните изгледи за раст се наведени продолжувањето на пандемијата на Ковид-19, забавувањето на темпото на вакцинација и евентуалните дополнителни рестриктивни мерки.

Продолженото нарушувањето на синџирите на снабдување може да влијае негативно на очекувањата за извозот.

За да се зајакне фискалната одржливост, Владата ќе треба внимателно да ги прилагодува  постепеното повлекување на фискалната кризна поддршка и спроведувањето на својата амбициозна инвестициска агендата.

Фискалното сценарио треба да предвиди брзо спроведување на мерки за подобрувања на фискалното управување и во управувањето со јавните инвестиции.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 573 оздравени од Ковид-19

Редакција

Борба против сушата и загадувањето: Во Македонија се подготвува колективна акција за садење на дрвја, како да се приклучите

Редакција

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Редакција