еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фљорин Бесими не е повеќе пратеник, Собранието ја констатира неговата оставката

Собранието на денешната втора седница ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими, по што претседателот Талат Џафери ја прекина седницата, се додека не го добијат потребниот извештај од Државната изборна комисија (ДИК).

Џафери бил известен дека Бесими нема да ја образложи неговата оставка, а бидејќи беше избран за пратеник од листата на кандидати од ДУИ потребно е ДИК да го извести Собранието за следниот кандидат од оваа листа на кој треба да му се верификува пратеничкиот мандат.

Инаку, Фљорин Бесими е брат на Фатмир Бесими од ДУИ кој треба да биде предложен за министер за финансии. Тој уште пред неколку дена преку соопштение најави повлекување од пратеничката функција, по реакцијата на Антикорупциската комисија.

Се очекува денеска да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Зоран Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Флорин Бесими се откажа од пратеничкиот мандат за да избегне можен судир на интереси

Братот на Фатмир Бесими не смее да гласа за Владата, порачуваат од Антикорупциска

МИА/Фото: Фејсбук/Бесими

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања уште на почеток тврдел дека таа е киднапирана, рече мајката на денешното судење

Редакција

Какви доверливи информации има Боки 13?

Редакција

Вучиќ за Македонците: Ние го прифаќаме нивниот јазик и нација, им посакуваме се најубаво

Редакција