еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Франција го забрани лекот против маларија за лекување на Ковид-19

Француската Влада ја поништи уредбата со која им се дозволува на лекарите во болниците да користат хидроксихлороквин за третман на пациенти кои имаат тешки форми на Kовид-19.

Одлуката е донесена откако Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот објави дека привремено ќе паузира со широко анализирање на анти-маларискиот лек од безбедносни причини.

Британското медицинско списание „Лансет“ објави дека пациентите кои примале хидроксихлороквин имаат зголемена стапка на смртност, неправилни отчукувања на срцето и голем број други разочарувачки резултати на лекот за терапија против Ковид-19.

Тој лек особено го истакнуваше американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци како потенцијален лек во терапијата против коронавирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп повторно ја шокира Америка, зема лек за маларија како превентива од коронавирусот

Тетовчанка ја сподели личната битка со корона вирусот: Се плашев повеќе за другите, отколку за себе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „успехот“ на системот со Мијалков: Добро утро Македонци, се напивте ли чаша нафта за доручек?

Редакција

Ќе дојде ли рускиот министер Лавров во Скопје за Самитот на ОБСЕ, процедурата е почната

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во првите шест месеци од годинава

Редакција