еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Фабрика Карпош“ му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година

„Фабрика Карпош“ од Скопје му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Во топ-трите фирми влезе и „Пелагонија“ од Гостивар, а „Бауер БГ“ го сочува местото во врвот кое го има со години наназад.

„Фабрика Карпош“ првото место го обезбеди со договори во вредност од 3,9 милиони евра. „Пелагонија“ Гостивар е втора со 2,9 милиони, а трета е „Бауер БГ“ со 2,5 милиони евра.

„Фабрика Карпош“ има склучено 13 договори од кои дури 5 со општина Илинден, но вредносно доминира договорот со Град Скопје во вредност од 2,4 милиони евра за изградба, одржување и реконструкција на бул. Босна и Херцеговина.

Ова е и поединечно најголемиот тендер што во 2018 година го склучила една локална власт. Вкупната вредност на тендерите што ги добила „Фабрика Карпош“ е 3,9 милиони евра.

И втората по ред, „Пелагонија“ Гостивар, која има само пет договори за јавни набавки со општините, ова високо место го обезбедува поради договор со Град Скопје во вредност од 2 милиони евра за изградба на бул. Христијан Тодоровски Карпош, што е втор по големина тендер на ниво на локална власт. Вкупните договори на „Пелагонија“ со општините се вредни 2,9 милиони евра.

Третата „Бауер БГ“ има 12 договори со општините во вкупна вредност од 2,5 милиони евра, од кои доминираат двата договора со Гази Баба во заедничка вредност од 1 милион евра.

Четврта фирма е „Илинден“ од Струга со вредност на тендерите со општините од 2,1 милиони евра, додека на петтото место се искачи нафтениот дистрибутер „Супертрејд“ со 2 милиони евра, преземајќи му го приматот во овој дел од бизнисот на ланскиот првак „Пуцко Петрол“ кој падна на седмо место со 1,9 милиони евра. Претходната 2017 година, „Пуцко Петрол“ имаше набавки со општините за 3 милиони евра.

Покрај двата најголеми тендери што со Град Скопје ги склучиле првите две фирми, Фабрика Карпош и Пелагонија Гостивар, носител на третиот најголем тендер склучен од страна на локална власт во 2018 година е Оли-Травел Куманово, со општина Куманово за превоз на ученици во вредност од 1,2 милиони евра.

Следен по големина е тендерот што струмичката Универзал Градба го склучила со Општина Струмица за изградба на улици во вредност од 1,1 милиони евра.

Кога станува збор за број на склучени договори со единиците на локална самоуправа, води струмичката транспортна фирма Струмица-експрес со 49 договори, по која следуваат кочанската фирма Рики-Јуниор со 45 договори и нафтениот дистрибутер Макпетрол со 44 договори. Струмица-експрес е нова во врвот на листата, додека Рики-јуниор и Макпетрол и лани беа меѓу првите три.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски ќе има помалку советници од Заев

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

МНР упати вербална нота до Софија поради изјавите на бугарскиот европратеник Џамбаски

Редакција