Фабриката „Кристал“ прослави 100 години од основањето, а од компанијата велат дека историјата го креира идентитетот.
Станува збор за единствена фабрика која произведува масло од сончогледовите насадите полиња на Македонија.
Во рамките на оваа фабрика се произведуваат повеќе од 80 производи, и се единствени извозници на македонско масло за готвење во САД, Канада и Европа.
Кристал АД1923 е добитник на бројни дипломи меѓу кои дипломи од Новосадски Саем, сертификати, награди, плакети и благодарници, меѓу кои и награда за најдобар квалитет на сончогледово масло.
„Квалитетот за компанијата е еден од нашите најголеми вредности. Постојано се вложуваме во раст и развој и напредна технологија како и штедење енергија и намалување на загадувањето,“ информираат од компанијата.
Фото: Инстаграм