еМагазин
Image default
Бизнис

Факом со намалена добивка во првите девет месеци од годината

Во периодот од 01.01.- 30.09.2021 година Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 353.844 денари, наспроти добивката за истиот период од 2020 година, која изнесуваше 14.923.121 денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Намалувањето на добивката е резултат од намалувањето на приходите како резултат од кризата предизвикана од ширењето на вирусот Ковид-19.

Оперативните приходи се намалени за -27% во однос на лани истиот период, додека финансиските приходи се зголемени за +58% (приходи врз основа на позитивни курсни разлик), како резултат од промените на девизните курсеви.

Бруто профитна маржа за период од 01.01.- 30.09.2021 г. е 0,05% или (1,63% за истиот период од 2020 година)

Оперативните расходи за периодот од 01.01.- 30.09.2021 се намлени за -26%, како резултат на намалените трошоци за суровини и материјали, намалување на транспортните трошоци, надворешните услуги од кооперанти, услуги за одржување и др. материјални трошоци, додека пак финансиските расходи се зголеми за +50%, како резултат на зголемените расходи врз основа на камати од работењето и расходи од негативни курсни разлики како резултат од порамнување на денарско-девизните салда“, велат од Факом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Факом со намалена добивка во првите шест месеци од годинава

„Факом“ оствари добивка од 24.000 денари во првите три месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари биле потрошени лани за плати и патни трошоци за вработените во М-НАВ

Редакција

Бензините поевтинуваат за два, дизелот за 1,5 денари

Редакција

„Современ дом“ ја зголеми добивката за 28% и покрај потешкотиите од кризата од Ковид-19

Редакција