еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс со зголемена добивка во првите девет месеци од годинава

Тетекс АД Тетово за периодот јануари-септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.      

“Оперативната добивка за периодот изнесува 81.464 илјади денари, наспроти оперативната добивка од 48.358 илјади денари во истиот период минатата година.

Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 35.837 илјади денари и истите се  резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

Во останатите оперативни приходи е вклучена продажбата на недвижност во износ од 24.080 илјади денари.

За тековниот период се евидентирани финансиски приходи од примени дивиденди во износ од 66.471 илјади денари, додека финансиските приходи од примени дивиденди минатата година изнесуваа 41.560 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 40.388 илјади денари и во споредба со истиот период во 2020 година бележат намалување за 53%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав е уделот на Тетекс во добивката на ТТК Банка

Тетекс во првите три месеци од годинава работеше со добивка

Тетекс ќе дели дивиденда

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица членови на Управниот одбор купија акции од „Алкалоид“

Редакција

Крис Колбурн нов генерален директор на САСА

Редакција

Тендер тежок 250.000 евра: „Македонски шуми“ купува теренски возила

Редакција