Во периодот од 01.01. – 30.06.2021 година Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 119.329 денари, наспроти добивката од 10.130.012 денари за истиот период во 2020 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Ова се должи пред се на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на моменталната криза предизвикана од Ковид-19 и го промени целокупното деловно опкружување.
Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01. – 30.06. 2021 се намалени за 33% во однос на 2020 година, финансиските приходи исто така се намалени за 22% поради намалениот обем на работа, односно намалени се приходите по основ на курсни разлики.
Вкупните приходи за 01.01 .- 30.06.2021 година изнесуваат 454.750.930 денари или за 33% се намалени во однос на истиот период за 2020 година.
Во периодот од 01.01. – 30.06.2021 година, оперативните расходи се намалени за 33% во однос на истиот период 2020 година.
Намалувањето на расходите се должи пред се на намалените трошоци за суровини и материјали, транспортните трошоци, надворешните услуги од кооперантите, услугите за одржување и останати услуги“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Факом“ оствари добивка од 24.000 денари во првите три месеци од годинава
Факом лани работел со намалена добивка