еМагазин
Image default
Бизнис

Факом лани работел со намалена добивка

Факом АД Скопје во периодот од 01.01.- 31.12.2020 година, оствари бруто добивка од работењето во износ од 1.862.030 денари или за 33% помала од 2019 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Ова се должи пред се на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на моменталната криза предизвикана од Ковид-19 и го промени целокупното деловно опкружување.

Вкупните оперативни приходи во 2020 година изнесуваат 1.205.517.734 денари и истите се зголемени за 6% во однос на 2019 година.

Финасиските приходи во 2020 година се намалени за 61% во однос на 2019 година, како резултат на намалените приходи врз основа на камати од работењето.

Вкупните приходи за 2020 година се зголемени за 5% во однос на 2019 година.

Во периодот од 01.01-31.12.2020 година Друштвото оствари вкупни расходи од 1.206.411.371 денари кои се за 5% поголеми во однос на 2019 година.

Зголемувањето на расходите  се должи на зголемените расходи за суровини и материјали (+23%) и трошоците за вработени (+9%)“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпрогрес“ на FMCG самитот во Скопје

Редакција

Патувај на Малдивите со Стопанска банка а.д. Битола и Mastercard

Редакција

Македонската берза јавно ги опомена ДС Смитх, РЖ Институт и Жито Караорман

Редакција