еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Убава вест: Собрани се потребните средства за лекување на шестгодишниот Марко кој има тумор на мозокот

Емилија Богеска Шпеткова вчера информираше дека средствата за лекување на шестгодишниот Марко, кој има тумор на мозокот се собрани.

„Ве известувам дека ќе започнеме со затварање и повлекување на кутии за донација на локациите каде се собираат средства.

За донациските броеви ќе бидат операторите известени и истите од утре 11 март ќе бидат затворени за донација. Донацијата е достапна до полноќ.

Според пресметките достигнат е износот за операција. Се што е дополнително ќе се искористи за трошоците пред и после оперативно лекување.

Се надеваме дека нема да бидат потребни уште средства,“ напиша Богеска Шпеткова на нејзиниот Фејсбук-профил и се заблагодари на хуманоста на сите луѓе кои овозможија Марко да се лекува во Истанбул, кој ќе замине на 25 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворени се телефонски броеви за донации за лекување на шестгодишниот Марко кој има тумор на мозокот

Шестгодишниот Марко треба да се лекува од тумор на мозокот, да помогнеме на оваа детска насмевка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува ВАДА, првата академија за улични танци која ќе донесе светски предавачи од САД во нашата земја

Редакција

Продавниците на Fashion group ги отворија своите врати за купувачите

Редакција

Вработените на Рамсторе заедно со своите потрошувачи се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на гладта

Редакција