Во Скопје вчера беа регистрирани 12 нови случаи на заразени со корона вирусот.
Девет од новозаразените се од една иста фамилија од скопски Чаир.
Во оваа општина и претходно беше регистриран фамилијарен кластер со дваесетмина заразени со вирусот.
Фамилијарни кластери деновиве беа регистрирани и во Аеродром и Синѓелиќ.
Последниве денови најмногу новозаболени со Ковид-19 според податоците на Министерството за здравство (МЗ) има во скопските општини Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај, а здравствените власти посочија дека лицата најчесто се заразуваат со вирусот на семејни настани.
Во Скопје според последните податоци на МЗ, објавени вчера, активни се 204 случаи, а вкупно заразени досега се 725 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем раст: 174 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот
9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија
Фото: Кабинет на претседателот