еМагазин
Image default
Македонија

Фатиме Фетаи „бесна“: Да се казни адвокатот кој не дојде на рочиштето за „Титаник 2“

Почетокот на денешното рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година е одложен за половина час, бидејќи адвокатот на обвинетиот Сашо Срцев, Димитар Дангов, не е присутен, па судијата Огнен Ставрев даде паузата да се определи нов адвокат.

Судијата Ставрев рече дека судското рочиште е закажано пред еден месец и оти е несериозно однесувањето на Дангов.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи побара да се казни адвокатот Дангов затоа што не е присутен на денешното рочиште и додаде дека заради оваа причина не треба да се одложува судењето.

Дангов во моментов е на судење на предметот за крвавиот четврток, за кој адвокатот Љупчо Шврговски рече дека има приоритет, бидејќи е притворски предмет.

На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев.

Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од апсењето на седумте македонски државјани кои учестувале во војните во Ирак и Сирија

Редакција

Собранието на предлог на СДСМ, ја изгласа мајка му на Боки 13, за член на Комисијата за слободен пристап до информации

Редакција

(ФОТО) Иванов: Јас веќе гласав пред 27 години, на 30 септември нема да излезам да гласам

Редакција