Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) одби да го коментира случајот “Рекет“, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал.
– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам, нагласи Фетаи.
Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.
– Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа, потенцира Фетаи.
МИА/Фото: А1он
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во СЈО фали уште да се „испотепаат“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.