еМагазин
Image default
Македонија

Фетаи бара екстрадиција на Исмаиловиќ и Демир осомничени во „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска, по пауза од речиси месец и половина, продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година.

Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на рочиштето побара од судот да започне постапката за екстрадиција на обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се на Косово и се недостапни за македонските власти, а по нив е распишана меѓународна потерница.

Судијата Огнен Ставрев кажа дека веќе се во контакт со косовските власти за постапката за екстрадиција.

Во однос на барањето за исклучување на јавноста од сослушувањето на заштитетниот сведок, Фетаи рече дека не гледа ниту една причина тоа да биде направено. Според Законот за заштита на сведоци, а и во интерес на сите нас е јавноста да биде присутна на сослушувањето, рече Фетаи.

Судијата Ставрев кажа дека јавноста нема да биде исклучена и ќе може да присуствува на сослушувањата на заштитениот сведок во „Монструм“.

На последното рочиште за „Монструм“ на 11 јули се гледаа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд. Пред Судот исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски, сосед на едно од убиените момчиња.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градинките подготвени за прием на деца, слободни уште 4.500 места

Редакција

Нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните, концесиите се дадени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ковачевски

Редакција

Регистрирани 422 прекршоци за неносење маски

Редакција