еМагазин
Image default
Македонија

Филипче до МПЦ и ИВЗ: Секое неодговорно собирање ќе нè врати на почеток на епидемијата

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција го осуди вчерашниот верски собир во Струга, за кој рече дека е чин на непочитување на здравствените работници и на сите други кои, како што рече, два и пол месеца пожртвувано работат да излеземе од кризата, како и на мнозинството граѓани кои се придржуваат до мерките.

-Најостро го осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага од институциите за собирот во Струга. Мора да се санкционираат извршителите и постого да дејствуваат за да нема вакви случаи, рече Филипче, нагласувајќи дека токму со мерките, кон кои повеќето граѓани се придржувале, се стабилизираше епидемијата во земјава.

Соопшти дека утрово разговорал со поглаварите на Исламската верска заедница (ИВЗ) и на Македонската православна црква-ОА (МПЦ), и од нив побарал да ги повикаат верниците да не се собираат.

Во однос на тоа што ИВЗ информирала дека на 12 мај се отвораат џамиите, Филипче нагласи дека е сè уште во сила забраната за групирање на повеќе од двајца и повторно побара од поглаварите на верските заедници да спречат собирања.

-Секое неодговорно собирање ќе нè врати на почеток на епидемијата и во кризата. Исклучително  е висок ризикот да се зголеми трансмисијата на вирусот во такви случаи, рече министерот за здравство.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12. мај се отвараат џамиите, одлучи ИВЗ

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

(ВИДЕО) Во време на пандемија, стотици верници по улиците на Струга за традиционалната литија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Редакција

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Редакција

И двајцата новопочинати од коронавирусот биле со претходни заболувања

Редакција