Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до нив и сите здравствени работници кои неуморно се борат за зачувување на јавното здравје, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.
„Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места.
До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.
Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.Заедно ќе надминеме,“ додава тој во овој пост.
Фото: Фејсбук/Филипче
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.