еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Мерките за заштита од Ковид-19 кои се во Собранието, мора итно да се донесат

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од Ковид-19 кои се во собраниска процедура мора итно да се донесат.

„Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките.

Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче.

Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

„Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата.

Следат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочува Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опозицијата побарала дополнително време да ги разгледа измените на Законот за заштита од заразни болести

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради измените на КЗ никој нема да одговара за прислушувањето, трошоците и за тие што прислушувале и за прислушуваните ќе ги платат граѓаните, вели Ристовска

Редакција

Спасовски: Во Струга се случи сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и кон државата

Редакција

Стевановиќ уште еднаш упати апел граѓаните да помогнат на лекарите и да ги почитуваат мерките

Редакција