еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот на Клиниката за токсикологија

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил се обрати по нападот физичкиот напад на лекар на Клиниката за токсикологија.

„Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени се вербални и физички напади.

Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.

Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дежурен лекар на Токсикологија завршил на Ургентен: Нападнат од татко на пациент, завршил со хематоми и расекотини

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески доби четири години и шест месеци затвор за „Титаник“, Јанкулоска две години и шест месеци

Редакција

Продолжува дипломатската офанзива: Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Сарацин во Скопје

Редакција

Викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, без тестови и карантин

Редакција