еМагазин
Image default
Македонија

Филипче очекува полицијата да стигне до лицата кои не примиле решенија за самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче во врска со претстојното објавување на списокот на 138 лица кои не биле достапни за инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), за да ги примат решенијата за самоизолација, рече дека било предизвик да го најдат начинот како и во оваа форма јавно да се објават тие лица по бројните консултатии со Агенцијата за заштита на личните податоци, во консултација со правни експерти.

– Ова се 138 лица кои треба да добијат решение, а кои биле недостапни за инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

На прашање како ќе ги контролираат тие лица кога воопшто не можат да ги најдат на домашна адреса, Филипче посочи дека претпоставува оти полицијата со поинтензивна работа на терен, подобро познавање на теренот, на адресите, ќе може да стигне до овие лица, заради тоа што инспекторите интензивно работеле, меѓутоа имало и огромен број решенија кои ги поделиле.

– Така што, тоа се капацитетите соодветно на бројот на инспектори со кои располага службата. Сметам дека полицијата многу поефикасно може и ќе ја изврши оваа работа. Ова се лица кај кои не било можно ниту по пошта да се достават овие решенија. Значи едноставно се враќани овие служби, додаде Филипче.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара правна форма како да се ослободат од карантин и самоизолација лицата кои деновиве влегоа во земјава

Решенија за изолација на 366 лица, 643 граѓани „фатени“ без маска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласањето за референдумот заврши, затворени избирачките места

Редакција

Детален преглед на активни пожари: Уште гори кај селата Дивље и Крушје, изгаснат кај Раовиќ, Буковиќ и Топлица

Редакција

ДСЗИ нема регистрирано пренесување на коронавирусот внатре во градинките и училиштата

Редакција