еМагазин
Image default
Македонија

Се бара правна форма како да се ослободат од карантин и самоизолација лицата кои деновиве влегоа во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Владата одлуката за отворање на границите ја донела од повеќе причини, прво затоа што Р0 факторот за пренос на вирусот неколку денови бил по едиција, оти многу мал дел од лицата упатени во карантин или самоизолација по влез во земјава развиле симптоми, како и поради тоа што Северна Македонија била единствена од регионот со затворени граници.

Во меѓувреме, потенцира, се бара правна форма како да бидат ослободени од карантин или самоизолација лицата кои изминатите денови влегоа во земјава.

-Ние имаме во континуитет, според нашите анализи, од 20 – 21 јуни Р0 фактор под единица, што сметаме дека е добар тренд. Сите овие анализи и бројки во смисла на предвидување ќе ги кажам со резерва, бидејќи секогаш има можност да се случи некое жариште кое е неочекувано и не сме го предвиделе.

Ние сме една од ретките земји во регионот која имаше затворени граници и во таа смисла беше препораката границите да се отворат, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека многу мал процент од тие кои била упатени во карантин или самоизолација развиле симптоми. Тоа, потенцира, се неколку десетици од илјадници кои беа изолирани во карантините.

-Во моментов се бара правна форма со која луѓето кои сега имаат такво решение за изолација и ги поминале границите да се ослободат од изолацијата и од државниот карантин. Правниците два дена интензивно работат на тоа поле и се блиску до решение, рече министерот за здравство.

Тој вели дека притисокот кон болниците не е таков каков што бил на почеток. Според него, има нешто помал број приеми во однос на тоа што била бројка минатата недела, но, како што потенцира, во исто време почнале и одреден број пациенти да се испишуваат.

-Димензионирањето на мерките и нивна имплементација зависи од капацитетот на болниците, увидот од тоа кои се заболени и кои се контактите, точноста на податоците и во таа смисла се и мерките на ослободување што ги препорачуваме, се со соодветни протоколи.

Ова е ставот на комисијата, будно се следи епидемиолошката слика и секако е дека е можно да се интервенира со некои мерки во одредени региони или населба, но во овој момент нема индикација да се прави некоја таква дополнителна мерка, вели Филипче одговарајќи на новинарско прашање за можноста за воведување нови мерки.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција засега останува на планот за отворање на границите на 1 јули

Од петок се отвараат границите, а од 1. јули аеродромите без никакви ограничувања

Хрватска воведе задолжителен 14-дневен карантин за македонските граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува, полицијата ќе реагира само на пријави, вели Спасовски

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Ќе оди ли и Општина Куманово во карантин?

Редакција