еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Под 10% од ковид-пациентите на респиратор успеваат да се излечат

Многу малку или под десет отсто од вкупниот број ковид-пациенти поставени на инвазивна вентилација успеале да се излечат. На хируршките клиники во моментов осум пациенти се на респиратор. Меѓу нив има и млади, а најмладиот е 40 годишен.

Како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, од сите досегашни пациенти на механичка вентилација, најмладиот кој завршил лошо, имал 23 години.

„Механичката вентилација се користи како последна метода за да се спаси животот на некој пациент. Но, во огромен број случаи кога пациентите се ставаат на механичка вентилација, не се пореметува белодробниот систем, туку настанува тромбоза на најмалите крвни садови кои го хранат.

Затоа крајната фаза, за жал, во најголем број случаи завршува со лош исход“, истакна Филипче.

Од почетокот на ковид-кризата досега на близу 800 болничкии кревети има новопоставен ценрален довод на кислород.

„Сосема е доволна оваа количина во овој момент“, рече Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Венко Андоновски и Александар Ружин му станаа советници на Заев

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 39 лица, приведени 30

Редакција

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Редакција