еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам истрага

Министерот за здравство, Венко Филипче реагираше по повод верскиот собир, односно литија која се одржа по струшките улици, славејќи го празникот Св. Ѓоргија.

„Сцените кои ги гледам од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата.

Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо.

Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок.

Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир, кој е строго забранет.

Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала,“ се вели во реакцијата на Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

(ВИДЕО) Во време на пандемија, стотици верници по улиците на Струга за традиционалната литија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако не можеме да ги отвориме вратите заради македонскиот јазик, во ред, нема да ги отвориме, вели Димитров

Редакција

Македонците постепено ќе ја научат вистината дека се Бугари, инаку нема ЕУ, вели бугарскиот ексамбасадор во Македонија, Јорданов

Редакција

Летонија – потенцијален нов пазар за ,,Грин машинс“ на Брако

Редакција