Министерството за здравство доцна синоќа соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа.
-Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување. Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство, се наведува во соопштението.
Воедно, се посочува дека политика на Министерството за здравство е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори.
-Ја информираме јавноста дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа, стои во соопштението од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фондот за здравство ќе покрива операции за промена на полот
Фото: Влада