еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Во Скопје отворен lounge барот „Umbrella“, кој вработи 10 лица со попреченост

Во Градскиот трговски центар во Скопје се отвори lounge барот „Umbrella“, кој вработи 10 лица со попреченост.

Барот е лоциран на местото на поранешното кафуле Чао.

Барот ќе им овозможи на оваа група граѓани, преку работа, активно да се вклучат во социјалниот живот и притоа да обезбедат личен приход, напиша на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој присутвуваше на отварањето.

„Колку побрзо научиме да ги прифаќаме различностите, толку побрзо ќе изградиме поубава Македонија. Сите граѓани треба да ги гледаме како потенцијал. Да ги гледаме околу нас да им дадеме можност да заработуваат и со тоа да допринесат за економскиот раст на земјата. Новоотворениот ресторан Амбрела ја даде таа можност со вработување на лица со посебни потреби“, напиша министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на Фејсбук, која исто така присуствуваше на отварањето.

Проектот е подржан од Министерството за труд и социјална политика, Општина Карпош и Агенцијата за вработување, а Филозофскиот факултет се јавува како партнер од аспект на кадар и поддршка со студенти.

Фото: Фејсбук/Богоев/Царовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Отворена поликлиниката Сарај

Редакција

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за него

Редакција

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“

Редакција