еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Секој кој бара стоматолошка услуга, треба да ја добие

Секој кој бара стоматолошка услуга, апсолутно треба да ја добие. Стоматолошката клиника е отворена 24 часа. Таму има дежурна екипа, и донесена е одлука секој пациент кој има итна потреба мора да биде примен во ординацијата, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. 

Тој на прашање дали е точно дека денталните ординации, за време на коронавирусот не поправаат заби, туку даваат само инекции за смирување на болки, појасни дека тоа не смее да биде така и оти ќе зборува со Државниот санитарен и здравствен инспекторат оваа работа да се провери.

„Секој пациент кој има итна потреба мора да биде примен во ординација и таа да биде санирана. Не да се дадат лекови, туку да се направи стоматолошка интервенција.

Во еден момент на почетокот на овој проблем согласно барањето на стоматолозите, кои се една од најизложените струки за пренос на вирусот, поради тоа што се работи во оралната празнина, ги донесовме овие мерки. Меѓутоа планираме да се модифицираат“, рече Филипче.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Радовиш излечени сите пациенти заболени од коронавирусот

Првиот заболен од корона вирусот од Валандово се вратил од странство и во државен карантин му се појавиле симптомите

Владата одлучи: Во сабота полицискиот час ќе почне од 15, а во работни денови од 19 часот

Спасовски: Намалувањето на рестриктивните мерки никако не смее да знaчи опуштање и неодговорност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени нови 16 случаи, вкупно 2.014: Го достигнавме предвидениот пик на заболени од корона вирусот

Редакција

Истрагата за загинувањето на двајцата алпинисти во рудникот „Бучим“ се уште е во тек

Редакција

Сопственикот на „ДоказМ“, Стаменковски од затвор пренесен во болница

Редакција