еМагазин
Image default
Македонија

Филипче со коментар за Шведска: Дискутабилно е дали може да се препорача како добар модел

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање дека претставници на Светската здравствена организација (СЗО) ја посочиле Шведска како добар модел за справувањето со корона вирусот, истакна дека ние сме го избрале идеалниот модел за нашата земја и нашиот здравствен систем, и оти сега се гледаат резултатите од тоа, односно дека постепено се намалува бројот на дијагностицирани пациенти и бројот на тестови.

Тој додаде дека смртноста во Шведска е голема, односно околу 12 проценти, и е во првите пет земји во светот според просекот на починати лица, па оттука е дискутабилно дали може да се препорача како добар модел.

„Немање рестрикции со цел да се создаде имунитет е исклучително ризично да се препорача и направи, бидејќи вирусот е присутен само неколку месеци.

Секоја земја избра свој автентичен систем, секоја земја има свои карактеристики на здравствениот систем. Пристапот да се тестираат симптоматски пациенти, да се изолираат нивните контакти мислам дека кај нас даде резултат,“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку е всушност успешен шведскиот модел за справување со коронавирусот?

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Шведска „контра“ сите европски земји: Нема карантин и затворање на училиштата поради корона вирусот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 525 прекршоци за неносење на маски

Редакција

Последиците од незаконското прислушување се од огромни размери, рече на судењето за „Таргет-Тврдина“ обвинителката Ристоска

Редакција

Прекршочен платен налог против директор на затвор, кој си го вработил синот

Редакција