еМагазин
Image default
Македонија

Филипче во посета на кумановската болница: Кадар и опрема има доволно, работата се одвива непречено

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврдил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.

„Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени.

Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај 18 кои се заболени од корона вирусот, нема друг персонал кој е во самоизолација.

Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано. Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мед и прополис за да се „ублажат маките“ на кумановските здравствени работници и да бидат здрави

Македонија влезе во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Кумановскиот градоначалник Димитриевски во „Топ тема“: Уште двајца починати од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот ѝ го одзеде пасошот на Лидија Димова

Редакција

Дуковска тврди дека ја нападнал претседателот на полицискиот синдикат

Редакција

Во грчкиот Парламент доставени три договори со Македонија: Ципрас очекува 158 „извини“ од пратениците на НД

Редакција