еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Владата ги изготви четирите нацрт-амандмани за промена Уставот, кои се предвидени со договорот за името со Грција. Еден од нив се однесува на промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија.

„Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36“, пишува во нацрт амандманот.

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, пишува во обрзложението на овој амандман.

„Притоа, согласно Конечната спогодба со Република Грција, се предвидува стапување во сила на амандманите со денот на ратификација на Спогодбата и Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Парламентот на Република Грција. Следствено, во случај на невлегување во сила на овие два документи, нема да влезат во сила ниту предвидените амандмани.

Понатаму, во согласност со договорот, со уставен закон ќе биде утврдена примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија„, пишува во образложението.

Нацрт амандманите веќе се стигнати во Собранието, а пленарната седница на која ќе бидат разгледани е закажа за 1 декември, а собраниската Комисија за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември.

Што пишува во член 36?

Македонија во македонскиот устав се спомнува 288 пати. Единствено ќе остане само во членот 36.

„Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон“, пишува во членот 36 од Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Канческа Милевска откри детали од нацрт амандманите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Уставни измени: Името Македонија во Уставот треба да се смени 288 пати

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, потсетуваат на постојните мерки за заштита

Редакција

Минималната кошница за март 59.000 денари, за 1.600 повисока од февруари

Редакција

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово 

Редакција