еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Филмот „Медена земја“ беше претставен во Швајцарија, Лондон, Хонг Конг, Њујорк, Белград

Филмот „Медена земја“ на осми април во Нион, Швајцарија, во рамките на Филмскиот фестивал „Визион ду реел“ (Visions Du Reel), се одржа европската премиера на „Медена земја“.

По проекцијата, со силен аплауз и овации на сцената беа поздравени режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, и главната протагонистка на документарецот – Атиџе.

Не случајно, официјалната европска премиера на документарниот филм-победник на престижниот филмски фестивал „Санденс“ се одржува во Швајцарија. Всушност, филмот е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“.

На премиерата во Нион присуствуваа и претставници од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, како и од „Фармахем“. Во рамките на Филмскиот фестивал „Визион ду реел“, филмот имаше уште една проекција, во Театар де Марен.

Вчеравечер (9. април), пред публика од 1.500 луѓе, филмот „Медена земја“ го отвори престижниот белградски фестивал за долгометражен документарен филм „7 Величествени“ (Мagnificent 7). На овој фестивал ќе се прикажат најдобрите седум долгометражни документарни филмови што оставиле најголем печат во светската кинематографија за последнава година.

На 13. април документарецот гостува во Лондон, во рамките на „Фрејмс оф репрезентејшн“ (Frames of Representation) во Институтот за современи уметности на Велика Британија. На 19. и 20. април го очекуваат проекции на Филмскиот фестивал во Сан Франциско.

По премиерата на „Санденс“ на 28 јануари и затворените проекции во Скопје (12. и 13 март.), „Медена земја“ на 28 март имаше азиска премиера, во рамките на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг; на трети април филмот беше прикажан во рамките на интернационалниот фестивал „Нови режисери/Нови филмови“ (New Directors/New Films festival) во Њујорк, во организација на Музејот на модерната уметност (MoMA) и филмското здружение на центарот „Линколн“.

Во најава за овој настан, критичарите на „Њујорк тајмс“ ја вброија „Медена земја“ во топ-11 листата со филмови што вреди да се погледнат на настанот.

Македонскиот филм „Медена земја“, кој во февруари оваа година, со победа во три категории, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на престижниот американски филмски фестивал за независни филмови „Санденс“, ја продолжува својата мисија, не само за документирање туку и за помош на протагонистите од оваа реална приказна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да купиме мед од златните раце на Атиџе: Оваа наша земја може да биде медена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамсторе со специјална понуда: Прехранбени пакети по достапна цена

Редакција

ЕСМ испрати хуманитарна помош за Дебар  

Редакција

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија

Редакција