еМагазин
Image default
Македонија

СЈО не заминува во историјата, тврдат од Владата

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не заминува воопшто во историјата и не е точно дека во разговорите со опозицијата кога било се заклучило дека повеќе нема да функционира. Напротив, СЈО ќе функционира, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања за преговорите со опозицијата за Законот за јавно обвинителство.

Бошњаковски потенцираше дека преговорите не се водат зад затворени врати затоа што секогаш има информации во јавноста, а министерката за правда Рената Дескоковска секогаш е достапна и ги дава сите детали. Законот не го пишуваме за нас, туку за граѓаните, посочи Бошњаковски.

Намерата, наведе, е да имаме двотретинско мнозинство, овој закон да биде тој што ќе не забрза  на патот кон Европската Унија за да го добиеме датумот.

-Овој е еден од реформските закон што претставниците на Европската Унија очекуваат да го донесеме заеднички и да најдеме заедничко решение, рече Бошњаковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партиите остануваат со различни ставови за СЈО

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за СЈО

Прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, „бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија не е втора бугарска држава, бугарскиот министер Милков се огради од изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов

Редакција

Хрватска некоректно ја премолчува бугарската уцена кон Македонија: Колумна на поранешниот хрватски претседател Јосиповиќ

Редакција

Тројца од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај

Редакција