еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај

Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија има регистрирано вкупно 2.014 случаи на заразени со корона вирусот.

“Тестирани се вкупно 314 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 169 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи.


Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната групи од 40-49 години со 4 лица.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 9 лица од женски и 7 од машки пол.

Регистрирани се 4 хоспитализирани лица.

Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи само 3 немаат историја на контакт со потврден случај.

Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со претходни заболувања, едно лице имало контакт со потврден случај, детали за новопочинатите од корона вирусот

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Редакција

„Руд-коп“ го доби тендерот на ЕСМ за помошна механизација на повик вреден 694.000 евра

Редакција

(Видео) Виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори фестивалот „Охридско лето“

Редакција